Top Sport

Санти Казорла во репрезентацијата по четири години и 11 операции!

Фудбалерот на Вилјареал, Санти Казорла е дел од составот на шпанскиот селектор Луис Енрике, комплетирајќи неверојатна кам-бек приказна за 34-годишниот ветеран.

Казорла претходно беше на неверојатни 11 операции на ахиловата петица по повредата која ја доби како фудбалер на Арсенал во меч против Лудогорец во 2016 година. Повредата се компликуваше и тој доби инфекција, по што лекарите му предвидуваа дека треба да биде среќен ако воопшто може да оди, а сега по фантастичната сезона со Вилјареал, тој е во шпанската репрезентација првпат по четири години.

Казорла мораше да добие пресадување на кожата од неговата рака за да помогне во залечувањето на левото стапало и сега името на неговата ќерка е тетовирано на петицата.

Животна драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата

Scroll to Top