Ајнтрахт Франкфурт останува во „лов“ на место во Лигата на шампионите следната сезона, откако „орлите“ со 3:0 го победија очајниот Штутгарт во меч од 27. коло на Бундеслигата.
Српскиот интернационалец Филип Костиќ постигна два гола, а еден додаде неговиот сонародник Лука Јовиќ за убедлива победа на „Комерцбанк-арената“ со која Франкфурт го помина тимот на Борусија Менхенгладбах – „орлите“ имаат 49, а Борусија 47 поени. РБ Лајпциг на третото место „бега“ три поени.
Претходно, Шалке стигна до важна 1:0 победа на гости кај последнопласираниот Хановер за да ја прекина низата на порази кои го фрлија тимот од Гелзенкирхен во криза.
БУНДЕСЛИГА, 27.КОЛО
Хановер – Шалке 0:1
Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт 3:0