Top Sport

Сопругата на Левандовски не сакала да се сели во Париз?

Полскиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги отфрли шпекулациите дека неговата сопруга Ана е „виновна“ што тој не направи богат трансфер во Пари Сен-Жермен.

Левандовски е еден од многуте напаѓачи поврзувани со францускиот шампион, и на крајот на сезоната 2016/17 се сметаше дека тој е на пат за Париз по критиките до своите соиграчи дека не му помагаат да ја освои најдобар стрелец во Бундеслигата. Полјакот вели дека не е точно дека Ана Левандовска не сакала да патува во Париз, но призна дека имал контакти со француски тимови.

„Да, веќе имав шанса да потпишам со клубови од Франција во минатото, но дали мојата сопруга сака да оди во Париз? Не, не сум слушнал ништо поглупаво. Тоа нема никаква врска со моите трансфери. Јас правам сè што можам да бидам најдобриот број 9 на светот, но не го поставувам тоа пред мојот клуб. Кога сум на теренот се докажувам. Супер ако дадам гол, а мојот тим победи. Пресреќен сум од мојата кариера бидејќи играм во еден од најдобрите клубови на светот“, вели Левандовски во интервју за „Телефут“.

Scroll to Top