Top Sport

Ковач неочекуван кандидат за клупата на Арсенал

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, најверојатно ќе биде присутен на мечот Арсенал-Вест хем, откако според британските медиуми стана неочекуван кандидат за местото на клупата на „топчиите“.

48-годишниот Хрват беше отпуштен од Баерн Минхен во ноември, и заменет со привремениот тренер Ханси Флик, но откако беше забележан на трибините на „Гудисон парк“ за мечот Евертон-Челси (3:1), се појавија шпекулации дека тој е заинтересиран за работа во Англија. Покрај Арсенал, и Евертон се во потрага на замена за отпуштениот Марко Силва.

Поранешниот хрватски селектор инсистира дека е во Англија на одмор и дека сака да погледа малку англиски фудбал, според порталот „Гол“, тој е заинтересиран да го замени Унаи Емери откако Фреди Љунгберг не се покажа најдобро во првите два меча на клупата (2:2 реми со Норич и 1:2 домашен пораз од Брајтон).

Масимилијано Алегри и Микел Артета остануваат на „скратената“ листа на Арсенал, но според „Гол“ Ковач ја има поддршката на фудбалскиот директор на Арсенал, Раул Санлехи и техничкиот директор Еду.

Scroll to Top