Русија со 27:18 ја декласираше Романија за да им ги уништи шансите за пласман во полуфиналето на Светското првенство во Јапонија, и уште еднаш да покажат дека се фаворитки за освојување на титулата.

Предводени од поранешниот романски селектор Амброш Мартин, Русинките, актуелни олимписки шампионки по тесното прво полувреме, целосно доминираа во второто за да дојдат на чекор до полуфиналето.

Во трилер-натпревар пак, во кој победникот беше одлучуван во последната минута, Германија со 25:23 ја победи Холандија за да се искачи на првото место во групата Б со пет поени, пред Холанѓанките и Норвежанките со 4, откако Норвешка го доби скандинавското дерби со 22:19.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЈАПОНИЈА

ГРУПА 1

Србија – Јужна Кореја 36:33 (21:16)

Холандија – Германија 23:25 (12:11)

Норвешка – Данска 22:19 (12:9)

Табела: 1.Германија 5, 2.Холандија 4, 3.Норвешка 4, 4.Јужна Кореја 2, 5.Србија 2, 6.Данска 1

ГРУПА 2

Романија – Русија 18:27 (10:10)

Шпанија – Шведска 28:28 (14:8)

Црна Гора – Јапонија 30:26 (14:11)

Табела: 1.Русија 6, 2.Шпанија 5, 3.Црна Гора 4, 4.Шведска 3, 5.Јапонија 0, 6.Романија 0