Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, смета дека германските клубови треба да сменат многу нешта доколку сакаат да бидат конкурентни со екипите од Премиер лигата.
Коментарот на Ковач доаѓа откако во осмина-финалето, три англиски елиминираа три германски клуба.
Тимот на Ковач, во дво мечот испадна од Ливерпил. По 0:0 во Ливероул, Баерн на домашен терен беше поразен со 3:1. Исто така Тотенхем ја елиминираше Борусија Дортмунд, а Манестер сити го прегазија Шалке.
„Размислуваме што треба да направиме да да ги поставиме работите поинаку во наредната сезона. Трите германски клуба беа елиминирани од англиски екипи. Парите не победуваат секогаш, но Јирген Клоп во последните неколку години потроши 500 милиони евра. Клубовите од Премиер лигата, во своите редови, имаат врвни странски играчи. Тоа е предност, за нив е подобро да заминат во Англија, а не во Германија. Таму има повеќе пари. Доколку сакаме да ги стигнеме мораме да дојдеме до добри млади играчи. Мораме да одговориме на некои конкретни прашања доколку сакаме да бидеме конкурентни“, рекол Ковач.
По елиминацијата во Лигата на шампионите, на Баерн им остана да се борат за двете домашни титули.