Хрватскиот стручњак Нико Ковач ќе се врати во Бундеслигата, овојпат како тренер на Волфсбург.
„Волците“ и официјално потврдија дека од следното лето нивен тренер ќе биде поранешниот тренер на Ајнтрахт, Баерн и Монако.
„Јас сум дете на Бундеслигата, многу сум возбуден и мотивиран за новото поглавје во мојата кариера, за новиот почеток во Волфсбург“, изјави 50-годишниот, роден во Берлин, за клупската веб-страница.
Ковач го освои германскиот куп со Ајнтрахт во 2018 година победувајќи го Баерн, а потоа ја освои и „двојната круна“, како тренер на Баварците.
Сепак, тој не се покажа како најдобро решение во Минхен и доби отказ, а потоа беше тренер на Монако.