Top Sport

Ковач тренер на годината во Франција

Нико Ковач, тренерот на Монако, од страна на „Лекип“ е прогласен за тренер на годината во Франција.

Ковач во првата сезона со Монако не успеа да освои трофеј, меѓутоа резултатите што ги постигна ги надминаа сите очекувања. Монако, сезоната ја завршија на третото место и ќе играат квалификации за пласман во Лигата на шампионите.

Интересно, 49-годишниот Ковач ја доби наградата пред Кристоф Галтие, кој со аутсајдерот Лил успеа да стане шампион на Франција.

Scroll to Top