Top Sport

Ковач за „хеви-метал“ фудбалот на Клоп: Не возиш 200 на час ако колата ти оди само до 100

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач признава дека неговиот тим не може да игра со ист стил како Ливерпул, бидејќи едноставно нема компатибилен тим за таква игра.

Баерн се втори во Бундеслигата по 9 кола, со поен заостанување зад Борусија Менхенгладбах, додека Ливерпул се на првото место во Премиер лигата со 9 победи и 1 реми во 10 меча. Затоа кога беше запрашан зошто тој не го „копира“ Јирген Клоп со стилот на игра (таканаречен „хеви метал фудбал“), тренерот беше искрен.

„Ливерпул против Тотенхем уште еднаш покажа дека ја заслужува титулата од ЛШ, но за да играш така, треба да имаш таков тип на играчи. Ние мораме да се прилагодиме на тоа што го имаме. Не можеш да одиш 200 км/ч на Аутобан ако колата ти оди само до 100. Ние имаме различен тип на фудбалери и мораме да најдеме начин да бидеме подобри“, вели Ковач.

Хрватот е втора сезона на клупата на Баварците, додека Клоп е со Ливерпул од 2015 година и Ковач тука гледа голема разлика.

„За што зборуваме? За континуитет. За време. Кое очигледно веќе не постои во фудбалот“, додава Ковач.

Scroll to Top