Матео Ковачиќ побарал да замине од Реал.Весникот „Марка“ на денешната насловна страница го има Хрватот со изјавата: „Сакам повеќе да играм и поради тоа е најдобро да заминам од Реал“.
Весникот во денешното издание има интервју со Ковачиќ, кое е направено во базата на хрватската репрезентација во Русија.
„Време е да заминам од Реал. Во Мадрид и во клубот ми е убаво, но јас сакам повеќе да играм. Многу го сакам фудбалот и сакам да бидам на теренот. Меѓутоа таква можност немам во Реал, а не сум стартер ниту во репрезентацијата што е моја голема желба“, рекол Ковачиќ.
24-годишен фудбалер е сигурен дека неговиот статус во Реал нема да се подобри ниту со доаѓањето на новиот тренер Хулен Лотепеги. Тоа исто така е причина што тој сака да замине од клубот во кој пристигна во 2015 година, од Интер за сума од 30 милиони евра.
Ковачиќ минатата сезона одигра 36 натпревар, во сите конкуренции, но само на 19 од нив бил во стартната постава.