Top Sport

Крадци го нападнале Деле Али во неговиот дом!

Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али имал страшна случка во средата, откако крадци влегле во неговиот дом во Лондон и го држеле под нож и му нанеле мала повреда на лицето, објавува „Дејли мејл“.

Двајца мажи влегле во домот на Али во северен Лондон во средната наутро, каде што 24-годишниот фудбалер бил во изолација со неговиот брат Хери Хикфорд, нивните партнерки и еден долгогоидшен пријател. Али во моментот играл билијард со шесте пријатели и неговата девојка Руби Меј, по што бил нападнат физички од крадците и добил мала исеченица на лицето.

Крадците успеале да избегаат со два скапи часовници и со поголемо количество накит. Полицијата го истражува случајот.

Scroll to Top