Top Sport

Двајца играчи ќе го напуштат Лајпциг

Чехот Патрик Шик и Шпанецот Анхелињо сигурно нема да останат во Лајпциг наредната сезона. Клубот немал доволно пари да ги откупи нивните договориод Рома, односно Манчестер сити.

Шик сезонава одиграл 15 натпревари во Бундеслигата, постигнал седум гола. Во клубот биле задоволни од него меѓутоа нема да ја продолжат соработката. Причината за ваквата одлука е откупната клаузула од 29 милиони евра која ја има Шик во договорот.

„Сакаме да пронајдеме некакво решение, но дефинитивно не можеме да платиме онолку колку што бара Рома“, рекол спортскиот директор Маркус Кроше.

Идентична била ситуацијата и со Анхелињо чија откупна калузула изнесува 22 милиони евра.

Scroll to Top