Top Sport

Крадци го ограбиле домот на Милер додека тој играше против Барселона

Томас Милер, со победа над Барселона во ЛШ, го прослави 33. роденден. Сепак германскиот репрезентативец што поскоро ќе се обиде да ја заборави измината ноќ.

Кога се вратил дома по натпреварот открил дека е ограбен. Грабежот се случил во вторникот вечерта околу 22 часот. „Марка“ повикувајќи се на германски „Билс“, објави дека од домот на Томас Мулер биле земени пари, накит и други вредни предмети.

Вкупната вредност на штетата е 500.000 евра, а германската полиција соопшти дека е во тек истрага за утврдување на идентитетот на сторителот на ова дело.

Ова не е прв пат во последно време да бидат ограбени фудбалери. Пред две недели во Барселона, крдци влегоа во домот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше ограбен и заврши со скршена вилица.

Scroll to Top