Крадци го искористија отсуството на Тијаго Силва, кој играше за Пари Сен-Жермен во 1:0 победата на Нант, за од неговиот дом во Париз да украдат вредни работи и да го оштетат за повеќе од милион евра.
И покрај тоа што сите фудбалери на ПСЖ имаат безбедносни системи во своите куќи кои ги обезбедува клубот, според „Л’Екип“ крадците преку покривот на куќата во елитниот 16. округ (арондисман) во Париз и успеале да украдат драгоцени работи, вклучувајќи часовник вреден 600.000 евра.
Минатиот месец, колегата на Силва, Ерик Чупо-Мотинг доживеа сличен грабеж во неговиот дом во Париз.
Фото: ЕПА
Додека славеше триумф против Ливерпул, крадци му собрале се по дома