Top Sport

Додека славеше триумф против Ливерпул, крадци му собрале се по дома

Куќата на напаѓачот на ПСЖ, Камерунецот Ерик Чупо – Мотинг (29) синоќа била мета на крадци, известуваат француските медиуми.

Имено, напаѓачот на „Светците“ од Париз, синоќа на мечот од Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Ливерпул (победија домаќините со 2:1) влезе во игра во 66. минута на место на Уругваецот, Едисон Кавани.

Додека траел натпреварот и прославата на важната победа за домаќините, крадците од куќата на Чупо – Мотинг однеле драгоцености во вредност од околу 600.000 евра.

Камерунецот во Париз дојде на почетокот на сезонава.

Scroll to Top