Top Sport

Крадецот од Ница експресно најде клуб

Младиот фудбалер Ламине Дијаби-Фадига кој доби отказ во Ница бидејќи од соиграчот Каспер Долберг украл часовник вреден 70.000 евра експресно си најде нов клуб.

Фадига кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 2, во екипата на Париз ФЦ. Овој тим од клупата го предводи поранешниот репрезентативец на Југославија и селектор на Босна и Херцеговина, Мехмед Баждаревиќ.

18 годишниот напаѓач треба да му помогне на новиот клуб да избори опстанок бидејќи. Париз ФЦ се наоѓаат на последното место на табелата во Лига 2.

За потсетување, Каспер Долберг на 16 септември ја пријавил кражбата кога поставил ултиматум, дека нема да ги извршува обврските додека виновникот не биде пронајден. Во Ница бргу откриле кој е крадецот на кого експресно му врачија отказ.

Фадига се извини за постапката и рекол дека љубомората го натерала да реагира непромислено.

Scroll to Top