Top Sport

„Српско-француски заговор“ ѝ ја обезбедил победата на Црвена ѕвезда!?

Постои „српско-француски заговор“ во фудбалот тврдат дел од медиумите во Грција. Според нив поради тоа Олимпијакос, во второто, биле поразени во Белград од Црвена ѕвезда (3:1).

Грчката „Газета“ дури и тврди дека имале и докази дека „заговорот“ на Србите и Французите започнал пред речиси една година, на 16 октомври, кога во Лигата на нации играле Франција и Германија.

Милорад Мажиќ го судел тој натпревар и во 84 минута свирнал пенал за Франција од кој „триколорите“ ја обезбедиле победата. „Газета“ пишува дека селекторот на Германија, Јоаким Лев по мечот обвинил дека Мажиќ имал договор со Французите.

Понатаму се наведува дека „услугата“ била вратена летово, кога францускиот судија Руки Бук им помогнал на Партизан да се пласираат во плеј-офот во Лига Европа. Според нив Бук не судел пенал за Молде против Партизан.

На сето тоа сега се надоврзал Беон Бастилјен кој го судеше мечот во вторникот на „Маракана“ во Белград. Според дел од грчките медиуми Бастилјен престрого му покажал два жолти картони на Јасин  Бензија, а не го исклучил капитенот на Црвена ѕвезда, Марко Марин.

Црвена ѕвезда во вторникот победи со пресврт во второто полувреме, откако Олимпијакос водеа по првите 45 минути со голот на Семедо.

По исклучувањето на Бензија, Вулиќ израмни, а во последните пет минути Милуновиќ, а потоа и Боачи им ја обезбедија победата на црвено-белите од Белград.

Scroll to Top