Top Sport

Краен срам за Азар – физички инфериорен на тренинзи со Б-тимот на Реал Мадрид

Ситуацијата на Еден Азар, еден од најскапите фудбалери на Реал Мадрид во историјата, станува поочајна ако може да се верува на извештаите од Шпанија кои посочуваат дек атој бил посрамотен и физички инфериорен на мешаните тренинзи со Б-тимот на „кралевите“, Кастилја.

Според „Релево“, 32-годишниот поранешен фудбалер на Челси учествувал на тренинзите во четвртокот на кои биле и фудбалерите на првиот тим на Реал и на Б-тимот, и не само што не успеал да го држи темпото на тренинзите, туку не успеал ниту да издрибла ниту еден противник додека тренерот Карло Анчелоти го водел тренингот.

Азар има само седум меча со Реал оваа сезона и воопшто не е во плановите на Анчелоти за оваа сезона. Тој има уште цела една година од договорот со Реал и е подготвен да го исполни до крај, иако се очекува клубот да се обиде да го продаде ова лето.

Scroll to Top