Ако не беше доволно понижувачкиот пораз од 8:2, како и двата гола кои им ги даде нивниот фудбалер Филипе Кутињо, на Барселона и следува нов удар, бидејќи доколку Баерн и Бразилецот ја освојат титулата од Лигата на шампионите тие ќе треба да исплатат бонус од 5 милиони евра на Ливерпул!
Кутињо беше најавен како огромно засилување за Барса во 2018, кога платија 142 милиони фунти на Ливерпул, но по лошата сезона тие го пратија на позајмица во Баерн оваа сезона. Во петокот, тој влезе во игра и даде два гола во бруталниот 8:2 пораз.
Бидејќи при неговиот трансфер од Ливерпул беа поставени повеќе бонуси за личните достигнувања на Кутињо, сега доколку Кутињо стане шампион во ЛШ следува исплата од 5 милиони евра, а во клаузулата не е одредено за кој тим би требал да игра.