Фил Џонс ќе си замине од Манчестер јунајтед по 12 години на „Олд Трафорд“, потврди клубот, ставајќи крај на една несреќна приказна за англискиот фудбалер.
Џонс нема играно за Јунајтед повеќе од една година и клубот реши да не ја активира опцијата за уште една сезона на „Олд Трафорд“ и 31-годишниот дефанзивец ќе може да си бара нов клуб, иако тој нема одлучено дали да ја продолжи кариерата.
„Последните неколку години беа навистина тешки. Не можам да го деманирам тоа, нема криење. Моето семејство беше клучно да ме задржи на вистински пат во обидот да останам фит. Работев напорно до крај. Се обидов да се вратам што е можно побргу“, вели Џонс.
Фил Џонс имаше 229 настапи за Манчестер јунајтед, а лани настапи само 5 пати откако ја пропушти сезоната 2020/21 поради повреда. Тој имаше само осум настапи во 2019/20 и не беше достапен редовно за Јунајтед од април 2019.
Џонс беше дел од тимот на Јунајтед кој последен пат ја освои титулата во 2013 под Сер Алекс Фергусон, со само уште Давид де Хеа во составот од тој тим. Џонс пристигна на „Олд Трафорд“ од Блекбурн како тинејџер за 16 милиони фунти.
Letter to the fans. pic.twitter.com/fmNV1eR9np
— Phil Jones (@PhilJones4) May 19, 2023
Thank you @ManUtd pic.twitter.com/HtB9koypkt
— Phil Jones (@PhilJones4) May 19, 2023