Лацио ја зголемија својата понуда за фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ на 15 милиони евра плус бонуси во обид да го донесат Србинот за кој се заинтересирани цело лето.
Костиќ уште на почетокот на летото се согласи за личните услови со Лацио, но чекаше италијанскиот клуб да продаде дел од играчите за да ги собере потребните средства. Костиќ од петокот одбива да тренира со Ајнтрахт, чекајќи го трансферот, но германскиот клуб тврдеше дека до сега нема понуда.
Се верува дека 28-годишниот српски репрезентативец ќе заврши во Лацио веќе утре.