Фудбалерите на Фиорентина и Специја ремизираа 1:1, во натпреварот од 29. коло на Серија А.
Серијата на „Виола“ од девет последователни победи во сите натпреварувања неочекувано ја прекина екипата која е прва над зоната за испаѓање.
Фиорентина поведе во 25. минута по автоголот на Вишњевски, а во 32. минута домашните израмнија со голот на Нзола.
Најдобрата шанса за победа на Фиорентина ја имаше Јовиќ. Во 84.минута на мечот неговиот удар заврши крај стативата.
Специја имаше огромна можност да го шокира „Артемио Франки“, но Шомуродов беше несериозен во ситуација еден на еден, а Теракано го спречи.
Фиорентина е осма на табелата со 41 бод, додека Специја е 17. со 26 бодови и има седум повеќе од Верона која е во зоната за испаѓање.