Top Sport

Крај на сагата – Икарди од Интер во ПСЖ

Интер и ПСЖ го официјализираа трансферот на Мауро Икарди. Интер соопшти дека „светците“ за 26 годишниот Аргентинец платиле 58 милиони евра. Икарди потпишал четири годишен договор.

ПСЖ решија да го задржат Аргентинецот бидејќи Единсон Кавани како слободен играч ќе го напушти Париз.

Икарди од почетокот на сезоната беше позајмен во ПСЖ. За овој клуб одигра 31 натпревар на кои постигна 20 голови.

„Фудбалскиот клуб Интер сака да соопшти дека Мауро Икарди се пресели во ПСЖ. Клубот му се заблагодарува на фудбалерот за шестте одлични години кои ги помина во Интер. Му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, се наведува во соопштението на Интер.

Икарди стана играч на Интер во 2013 година кога на Сампдорија клубот и плати 13 милиони евра.

Аргентинецот за Интер одиграл 219 натпревари на кои постигнал 124 гола.

Инаку, пред да биде официјализира трансферот медиумите објавија дека Интер вметнале клаузула во договорот според која ПСЖ ќе треба да им платата дополнителни 15 милиони евра доколку во наредните месеци го продадат на клуб од Серија А.

„Италијанска клаузула“ во договорот на Икарди

Scroll to Top