Top Sport

Крај на сезоната, пијан во сообраќајка го повредил коленото

Капитенот на Дерби Каунти, Ричард Кио, поради повреда нема да игра до крајот на сезоната. Од клубот ги потврдиле медиумските информации дека Кио со двајца соиграчи во алкохолизирана состојба предизвикале сообраќајна несреќа.

Кио е капитен на Дерби Каунти и репрезентативец на Северна Ирска, во сообраќајната несреќа тој се здобил со тешка повреда на коленото.

„Играчите заедно со стручниот штаб беа на тим-билдинг во еден ресторан. Најголем дел од фудбалерите се однесуваа пристојно и околу 20 часот го напуштија ресторанот, но Ричард Кио и уште неколку фудбалери останале и продолжиле да пијат. Морале да знаат кога треба да престанат, но и да знаат дека не смеат да седнат пијани во автомобил. Како последица на возење во пијана состојба, Кио тешко го повреди коленото. За него оваа сезона е завршена“, се наведува во клупското соопштение.

Клупските челници најавиле дека ќе спроведат интерна истрага, а потоа ќе поведат дисциплинска постапка против играчите. Казните дополнително ќе им бидат одредени, но веќе се знае дека ќе мора да одработат одреден број на часови во заедницата (општествено корисна работа).

„Тие што учествуваа во инцидентот знаат дека ќе очекуваат сериозни казни, но и дека ќе ја имаат поддршката кога ќе се вратат во тимот“.

Scroll to Top