Top Sport

Крај на сезоната во Шкотска – Селтик е шампион

Фудбалската сезона во Шкотска и официјално е прекината. Сојузот соопшти дека титулата ќе им биде доделена на фудбалерите на Селтик. Во моментот кога првенството беше прекинато поради коронавирусот Селтик биле лидери со 13 поени повеќе од Глазгов Ренџерс.

Одлуката за прекин на сезоната ја донел Управниот одбор, откако претходно сите 12 клубови се согласиле дека е невозможно сезоната да продолжи.

За Селтик ова е деветта последовна титула во Премиерлигата.

Управниот одбор одличи во Втората лига да се пресели последно пласиранот Хартс. Оваа одлука не е конечна бидејќи ќе за расправа по прашањето дали лигата ќе биде проширена наредната сезона.

Scroll to Top