Top Sport

Крај на сезоната за Давид Нерес?

Фудбалерот на Наполи, Давид Нерес ќе отсуствува од терените најмалку еден месец откако го скина мускулот на потколеницата.

Наполи, соопшти дека 28-годишниот напаѓач ја повредил потколеницата на левата нога, но не прецизираа колку време Бразилецот ќе отсуствува.

Италијанските медиуми објавија дека Нерес ќе отсуствува најмалку еден месец и дека тоа може да значи дека сезоната е завршена.

Нерес ќе пропушти најмалку четири првенствени натпревари, а до крајот на Серија А остануваат уште пет кола.

Тој дојде во Наполи минатото лето и беше замена за Хвича Кварацхелија, кој во јануари се пресели во Пари Сен Жермен.

Бразилецот оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А и постигна два гола.

На пет кола д крајот на сезоната, Наполи со 71 бод го дели првото место со бранителот на титулата Интер.

Scroll to Top