Top Sport

Крај на сезоната за Димитри Паје

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје ќе ги пропушти преостанатите три натпревари од францускиот шампионат откако го „скина“ мускулот на ногата, соопштија од клубот.

35-годишниот фудбалер се повреди во текот на првото полувреме од реваншот од полуфиналето на Лигата на конференциите против Феенорд во четвртокот, а од Марсеј потврдија дека нема да може целосно да закрепне до крајот на сезоната.

Ова е удар за Марсеј кој се бори за второто место во Лига 1, кое води директно во Лигата на шампионите.

Паје оваа сезона постигна 12 гола и запиша девет асистенции за Марсеј.

Марсеј моментално е трет на табелата во француската лига со 65 бодови, исто колку и второпласираниот Монако кој има натпревар повеќе.

Екипата на Марсеј во недела ќе игра против Лориен, а потоа со Рен, додека во последното коло ќе се сретне со Стразбур.

Scroll to Top