Top Sport

Крај на сезоната за Гризман

Финишот на сезоната во Примера Барселона ќе го одигра без Антоан Гризман, Францускиот напаѓач се повреди на натпреварот со Ваљадолид.

Според информациите од Барселона Гризман се здобил со повреда на квадрицепсот поради што ќе ги пропушти последните два натпревари во сезоната.

Гризман минатото лето за сума од 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели на „Ноу Камп“.

Сезонава во Примера настапи на 35 натпревари, постигна девет гола.

Scroll to Top