Top Sport

Крај на сезоната за Карвахал

Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ја заврши за него кошмарната сезона. Карвахел, поради неколкуте повреди, оваа сезона настапи на само 15 натпревари, односно на теренот бил 1.119 миути.

Шпанските медуми објавија дека Карвахал повторно има проблем со бутниот мускул, без да прецизираат за кава повреда станува збор. Во текот на сезоната, тој имаше проблем и со лигаментите на коленото. Десниот бек се повредил во вторникот, на натпреварот со Челси.

Веројатно е дека Карвахал ќе го пропушти и Европското првенство.

Отсуството на Карвахал е голем удар за Реал пред реваншот со Челси, во Лигата на шампионите. Зинедин Зидан претходно остана и без алтернативата за Карвахал, Лукас Васкез, кој исто така веќе ја заврши сезоната.

Scroll to Top