Ек класико, кои се одигра во саботата, беше последниот натпревар оваа сезона за Лукас Васкез и веројатно неговиот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Васкез, се повреди во првото полувреме, по еден дуел со Серхио Бускетс. Реал информираше дека ги повредил вкрстените лигаменти во коленото и дека фудбалерот го очекува подолга пауза.
Васкез ќе паузiра најмалку три месеци, а доколку мора да замине на операција, прогнозите се дека ќе паузира помеѓу девет и 12 месеци.
Лукас Васкез, во јуни ќе стане слободен играч, бидејќи му истекува договорот со Реал. Претходно, тој ја одби понудата за нов договор и најави дека ќе го напушти клубот.
Медиумите го поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен.