Актуелната сезона пред време заврши за играчот на Јувентус, Венстон Мекени. Американецот се повреди, пред две недели, против Виљареал, во Лигата на шампионите.
Мекени, во Виљареал, се повреди во финишот на натпреварот. Прегледите открија дека скршил две коски во стапалото. Лекарите прогнозираа дека тој ќе отсуствува два месеци, но како што потврди тренерот Масимилијано Алегри, рехабилитацијата ќе трае многу подолго.
Мекени нема да може да им помогне ниту на соиграчите во репрезентацијата, во борбата за пласман на Мундијалот во Катар.