Top Sport

Крај на шпанската доминација во Европа, или само лоша недела?

Шпанските тимови имаа апсолутна доминација во европскиот фудбал последните десетина години, но низата разочарувачки резултати во Лигата на шампионите носи прашања дали и на таа низа дојде крајот.

Шпанија дава шампион во Лигата на шампионите од 2014 година, а шест од осумте финалисти во тој период биле шпански, додека во „второлигашката“ Лига на Европа исто така има четири шампиони во последните пет години.

Меѓутоа, од четирите шпански тимови во ЛШ оваа година, само Севилја успеа да оствари победа. Атлетико Мадрид имаше домашно реми против азербејџанскиот Карабах со што се доведоа на граница од елиминација од натпреварувањето во кое беа блиску до титула во 2014 и 2016 година.

Двократните актуелни шампиони Реал Мадрид пак, го доживеаја првиот пораз во натпревари по групи по пет години по импресивната 3:1 победа на Тотенхем во средата. Лидерит во Ла лига, Барселона не успеаја да го совладаат Олимпијакос во Атина, иако на грчкиот тим му оди ужасно во домашниот шампионат.

Барселона уште се непоразени и се на пат да ја освојат својата група, додека Реал Мадрид треба да освои само поен за осминафинале, но најверојатно како втори во својата група. Севиља ги има работите во свои раце откако победија со 2:1 над Спартак, само две недели откако беа понижени со 5:1 во Москва.

Шпанските медиуми се „алармирани“, но не претеруваат со реакциите.

„Уште не е сериозно, но одеднаш шпанските тимови не владеат во Европа“, беше уредничкиот коментар во „АС“.

„Ситуацијата не не загрижува сега, но чудно е шпанските тимови да имаат ваков пад во формата. Верувам дека е само преодна фаза и дека е прерано да одредуваме симптоми во шпанскиот фудбал“, изјави Мигуел Анхел Роман, коментаторот на „Бе Ин спортс“.

Од друга страна, англиските тимови имаат вистинска „ренесанса“ по толку сезони слаби резултати во Европа. Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити и Тотенхем се на врвот на своите групи по победите оваа недела, а Челси се исто така во добра позиција и покрај 3:0 поразот од Рома.

„Неколку фактори ги поставија Англичаните во позиција која требаше да ја имаат уште пред повеќе години. Зборуваме за пет тима со неверојатен финансиски потенцијал и способност да ги донесат најдобрите фудбалиер на светот. Исто така сите имаат иновативни и квалитетни тренери. Сепак, јас уште би сметал на Барса и Мадрид како фаворити за титулата кога ќе дојде крајот на сезоната“, додава Роман.

Scroll to Top