Top Sport

Кинескиот тинејџер Бингтао во полуфинале

Кинескиот тинејџер Јан Бингтао е на две победи од првата ранкинг-титула во кариерата, откако го совлада со 6:2 четирикратниот светски шампион Џон Хигинс во дуелот на Интернационалниот шампионат во Дакинг, Кина.

Бингтао, кој направи сензација победувајќи го Рони О’Саливен со 6:1 во првата рунда имаше „брејкови“ од 52, 99, 123 и 89 за да ја заврши работата. Во полуфиналето тој ќе игра со Марк Ален, откако снукер-играчот од Северна Ирска го победи со 6:5 Џад Трамп во интересен дуел.

Во второто полуфинале во Кина ќе играат Марк Селби и Мартин Гулд. Светскиот шампион Селби со 6:2 го победи Роби Вилијамс, додека Гулд со 6:5 беше подобар од англискиот сонародник Али Картер.

Тинејџерот кој го „суреди“ О’Саливен

Scroll to Top