УЕФА му додели суспензија на Патрис Евра од сите европски натпреварувања до 30 јуни 2018 година, додека Олимпик Марсеј му ја покажа вратата на ветеранот по скандалозниот удар кон навивач на меч од Лигата на Европа.
УЕФА потврди дека Евра ќе добие казна до 30 јуни 2018 година поради кунг-фу ударот кон навивачот на ОМ минатата недела во Гимараеш, Португалија пред да стартува мечот со Виторија. Тој исто така е казнет со 10.000 евра. УЕФА исто така може да советува ФИФА да му додели дополнителна казна на Французинот.
Како што се очекуваше, Марсеј не го толерираше ова однесување на Евра, и тој си заминува по само една година во француското пристаниште. Двете страни се согласија за спогодбено заминување, иако договорот му траеше до следниот јуни.
„Со заедничка спогодба, Олимпик Марсеј и Патрис Евра ја завршија соработката. Договорот на играчот е прекинат“, се вели во соопштението на Марсеј.