Top Sport

Крајно разочарување – Нотингем планираат да го продадат Лингард уште во јануари

Нотингем форест се крајно разочарани од перформансите на Џеси Лингард и планираат да го продадат англискиот напаѓач уште во јануарскиот преоден рок по лошиот старт на сезоната.

Лингард, кој произлезе од фудбалската академија на Манчестер јунајтед, си замина од „Олд Трафорд“ како слободен играч во текот на летото и иако беше пред потпис со Вест хем (каде што претходно играше како позајмен играч), се реши да се пресели во новиот прволигаш Нотингем, потпишувајќи едногодишен договор со висока плата, каква што не можеа да му понудат „чекорите“.

Но, поранешнито репрезентивец имаше 11 настапи за Форест со ниту еден постигнат гол, ниту една асистенција, и откако ги одигра првите два меча од сезоната во 90 минути, оттогаш влегува како замена.

Scroll to Top