Top Sport

Руне со прво Мастерс 1000 полуфинале откако Алкараз се откажа

Данскиот тинејџер Холгер Руне се пласираше во своето прво Мастер 1000 полуфинале во кариерата, откако неговиот врсник, и светски број 1, Карлос Алкараз мораше да се повлече поради повреда во Париз.

19-годишниот Руне водеше со 6:3/6:6(3:1) пред Шпанецот да реши дека не може да продолжи поради повреда на стомачкиот мускул. Со овој пласман, Руне ќе скокне најмалку до 16. место на АТП листата, негов најдобар пласман во кариерата.

„Мечот беше добар, но тој немаше среќа. Мислам дека игравме добро и бевме фокусирани“, вели Руне, кој во полуфиналето ќе игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој со 6:1/6:4 претходно го победи Американецот Френсис Тијафоу.

За Алакараз, пак, останува неизвесно дали ќе се опорави на време за АТП финалето во Торино.

„Се врааќам дома и ќе одам на тестви да видиме што се случува. Денеска се мачев од почетокот и немаше шанси да продолжам. Не можев да сервирам, да удирам форхенд“, вели Алкараз.

Scroll to Top