Top Sport

„Кралевите“ двапати губеа, па пукнаа „петарда“ со Селта, Бензема е незадржлив

Голеада на „Сантијаго Бернебеу“.

Иако тимот на Селта Виго на двапати имаше водство во Мадрид, со головите на Мина во 4. (0:1) и на Черви во 31. минута (1:2), сепак мечот го завршија со пет погодоци во својата мрежа. Реал славеше триумф со 5-2.

Повторно незадржлив беше францускиот интернационалец Карим Бензема, постигна хет-трик на мечот, со головите во 24., 47. и 87. минута од пенал.

Во 54 минута во листата на стрелците се запиша Винисиус, тогаш за 3-2, а четвртиот гол беше дело на новото засилување на Кралскиот клуб, Камавинга. Тој прецизно стрелаше во 72 минута, само 6 минути по влегувањето во игра на местото на Еден Азар.

Бензема од пенал ја стави точката на мечот.

Реал Мадрид по 4 одиграни кола со 10 бодови е лидер на табелата во Ла Лига. Со ист број бодови се и Валенсија, односно Атлетико Мадрид, но тие имаат послаба гол разлика од „кралевите“.

Селта, пак, во четирите натпревар освои само еден поен.

Претходно, Реал Сосиедад како гостин со 2-0 славеше кај тимот на Кадиз.

Scroll to Top