Реал Мадрид нема предолго да „жали“ за недоаѓањето на Килијан Мбапе и ќе се фокусира на нови засилувања кои ова лето треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“. Во фокусот на „кралевите“ е претстојното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул, но раководството и тренерот Карло Анчелоти размислуваат и за новите имиња.
Реал Мадрид е пред договор со Аурелиен Чуамени од Монако, а допрва ќе треба да се најдат добрите решенија за засилување на нападот.
Рафаел Леао од Милан, кој е избран за МВП играч на сезоната во Серија А, е во фокусот на Реал. Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Милан, постигна 11 гола и забележа 10 асистенции во Серија А, а има договор до јуни 2024 година.
„Кралевите“ за него се подготвени да понудат 120 милиони евра.