Top Sport

„Кралевите“ лесно го „решија“ Елче

Реал Мадрид стигна до рутинска 4:0 победа над Елче во одложениот меч од Ла лига, за да се доближи на осум поени до лидерот Барселона на табелата во Ла лига.

Исходот на мечот беше решен бргу на „Сантијаго Бернабеу“ – Марко Асенсио уште во осмата минута постигна ран гол за водство, пред Карим Бензема со два гола од пенал во 31. и 45. минута да осигура на полувреме да се отиде со 3:0 предност. Ветеранот Лука Модриќ во 80. минута ги постави конечните 4:0.

Реал Мадрид сега имаат 48 поени на второто место на табелата зад Барселона со 56, додека Елче остануваат на дното на табелата со само 9 поени и речиси сигурно испаѓање во втора лига на крајот на сезоната.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top