Top Sport

Меси: Јас и Роналдо немаме никаков пријателски однос

Лионел Меси кој ја доби Златната копачака, како најдобар стрелец во Европа во минатата сезона, проговорил за својот однос со големиот конкурент Критијано Роналдо.

„Тешко е да се дефинира нашето пријателство. Надвор од фудбалскиот терен со Кристијано се гледаме само на церемониите кога се доделуваат награди. Не знам дали во иднина ќе бидеме пријатели. Пријателство е нешто што се гради со години, што значи дека ние немаме никаков однос“, рекол Меси.

По разговорот за Кристијано Роналдо Аргентинецот открил една тајна.

„Имав многу проблеми со тежината. Поради вишокот килограми имав проблеми со формата и повредите. Но кога ќе внимаваш на исхраната тогаш немаш проблеми“.

Меси исто така го открил и својот најголем порок.

„Чоколадото, не можем да одолеам, дури ни сега. Многу работи околу исхраната можат да се регулираатм но чоколадото е мојот голем проблем. Сега кога имам деца би можел чоколадо да јадам по цел ден“, дополнил Меси.

Scroll to Top