Top Sport

Кралицата не е „чекан“, туку „топчија“?

Британската кралица Елизабета Втора не е „таен“ навивач на Вест хем јунајтед, туку нејзиниот омилен англиски клуб е Арсенал, тврди поранешниот лидер на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.

Иако омилен спорт на владетелот на Велика Британија се трките со коњи, во минатото се тврдеше дека таа е долгогодишен навивач на Вест хем, нешто што го открила на својата придружба уште во 2009 година.

Меѓутоа, Корбин, кој е пратеник за Ислингтон Норт квартот на Лондон од 1983 година, смета дека 95-годишната кралица навива за Арсенал, посочувајќи на нејзината патека при крунисувањето низ Лондон во 1953 година, кога поминала на Апер улицата во „срцето“ на навивачите на Арсенал.

„Знаеме дека кралицата е над политиката, а можеби е и над фудбалот. Но, многу локални луѓе ја откриваат тајната дека таа приватно е ‘топчија’“, изјави Корбин.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси, Цеск Фабрегас исто така тврди дека таа му признала дека е „топчија“ при приемот во Бакингемската палата во 2007 година.

„Изгледа дека кралицата следи фудбал и нас ни кажа дека е навивач на Арсенал. Знаеше кој сум и разменивме неколку зборови“, изјави 34-годишниот Шпанец.

За кој фудбалски клуб навива кралицата Елизабета?

Scroll to Top