Top Sport

Кралот Бензема го стресе дождливиот „Стемфорд Бриџ“ со два гола за две минути!

Карим Бензема уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, постигнувајќи прекрасен гол во 21. минута од гостувањето кај Челси во реприза на минатогодишното полуфинале на ЛШ, за само две минути подоцна да зголеми на 0:2.

По убавата акција во која имаше одлична асистенција до Винисиус Жуниор, кој ја погоди само гредата во 9. минута од мечот, во 21. минута, Французинот прво го проигра токму Винисиус, па по неговото одлично нафрлување да постигне прекрасен гол со глава. Само две минути подоцна, по уште поубавата асистенција на Лука Модриќ да ги замолчи домашните навивачи за 0:2.

Scroll to Top