Top Sport

Хаверц ја врати надежта на Челси, Вилјареал имаше и поништен гол против Баерн!

Каи Хаверц како повеќе пати последните две сезони ја врати надежта на навивачите на Челси, откако успеа да намали на 1:2 во четврт-финалето од ЛШ против Реал Мадрид по „блицкригот“ на Карим Бензема со двата гола.

По фуриозниот старт на „кралевите“, Челси во единствената голема шанса во 40. минута успеа да намали на 1:2, кога Жоржињо одлично го пронајде Хаверц, кој успеа со глава да го совлада Тибо Куртоа.

На „Керамика“ во Вилјареал пак, домаќините сметаа дека имаат лудо 2:0 водство против Баерн Минхен, кога во 41. минута Франсис Кокелин го совлада Мануел Ноер, но по ВАР интервенцијата, голот беше поништен.

Scroll to Top