Top Sport

Кралски куп без „кралеви“ – Беренгер со мајсторија ги исфрли Реал Мадрид

Атлетик Билбао е последниот полуфиналист од Копа дел реј, откако на „Сан Мамес“ успеаја со 1:0 да го совладаат Реал Мадрид за славје во Баскија.

Креатор на победата беше Алекс Беренгер, кој во 89. минута ја „измести“ одбраната на тимот на Карло Анчелоти и постигна прекрасен гол, доволен за полуфинале. „Подзаборавениот“ Иско во 93. минута имаше совршена шанса да израмни, но неговиот удар помина покрај голот.

За баскискиот клуб ова беше втора последователна победа против фаворит, откако претходно во четврт-финалето ја исфрлија и Барселона. Во полуфиналето на Кралскиот куп покрај Атлетик се и Рајо Валјекано, Реал Бетис и Валенсија.

Scroll to Top