Top Sport

„Кралски“ танц на „Сивитас Метрополитано“

Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 1:2 и се уште има максимален ефект во Ла Лига и по шест кола.

Родриго беше стрелец на првиот гол за „кралскиот клуб“ во 18.минута, а Феде Валверде зголеми на 0:2 во 36.минута. Тоа беше најава за одлично второ полувреме.

Симеоне нареди офанзива, а Атлетико Мадрид намали преку Хермосо во 83.минута. Сепак, во судиското продолжение стрелецот Хермосо доби црвен картон, а Реал Мадрид ја задржа предноста и освои три бода против големиот ривал.

Scroll to Top