Top Sport

Крауч: Фудбалските ѕвезди ги манипулираат фановите на социјалните мрежи

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Питер Крауч ги критикуваше фудбалските ѕвезди за нивните акаунти на социјалните мрежи кои ги управуваат компании за односи со јавноста, велејќи дека така се „манипулираат“ навивачите, и побара тие да почнат да зборуваат самите.

Голем број на фудбалски ѕвезди низ најсилните европски мрежи ги користат социјалните мрежи како Инстаграм и Твитер за пораки до навивачите, но честопати тие се управувани од компании и затоа гледаме многу промотивни постови кои немаат многу врска со реалноста.

„Мислам дека тоа е начин за манипулација со фановите, бидејќи фудбалерите не зборуваат сами за себе и тоа навистина ме загрижува. Кога немаат добар меч или нешто ќе се случи, ќе се појави некој твит со порака ‘фановите беа прекрасни’ или ‘извинете за мечот’ и ‘ќе се вратиме посилни следната недела’. Тоа се трите фрази кои се повторуваат. Кога ќе видам ист твит од фудбалер како се повторува, ќе си помислам, тој не се потруди последните три месеци. Но, потоа на Инстаграм ќе објават видео како работат со приватен тренер. Тоа е лажење на навивачите и ме фрустрираат“, вели Крауч.

Со него се согласува и поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил, кој неодамна најави дека ќе ги „пробие“ сите трикови на социјалните мрежи на фудбалските ѕвезди, велејќи дека се „креираат роботи на теренот и надвор од него“.

Scroll to Top