Top Sport

„Брадата“ со нестварен трипл-дабл ги сруши ЛА Лејкерс (Видео)

Квалитетен и неизвесен натпревар одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, Хјусотн Рокетс и ЛА Лејкерс. Победата им припадна на Хјустон 126:111, бидејќи Џејмс Харден успеа да го надигра Леброн Џејмс.

Најкорисниот играч во лигата, во мината сезона, одигра нестварен меч, најдобра од почетокот на сезоната, кој на крајот го заврши со трипл-дабл учинок од 50 поени, 10 скока и 11 асистенции.

„Брадата“ од поле шутираше 14/26, погоди четири тројки од 12 обиди, а од линијата за слободни реализираше 18 од 19 обиди.

Најголема поддршка Харден доби од Клинт Капела, кој имаше дабл-дабл од 16 поени и 14 скока, односно Дануел Хаус кој постигна 15 поени.

Лејкерси беа предводени од Леброн Џејмс (29 поени, пет скока и четири асистенции), Кајл Кузма постигна 24, а Ленс Стивенсон 17 поени.

Scroll to Top