Top Sport

Кремљ затворен поради безбедност, Москва очекува 1 милион гости (Видео)

Специјален известувач за „Топспорт“ од Москва, Кристијан Ландов

Русија воспостави посебен режим на безбедност во Москва поради одржувањето на Светското првенство во фудбал и проектот „Фудбал за пријателство“. Полициските сили се распоредени насекаде, се вршат контроли, но и претреси.

За влез на популарниот Црвен плоштад се врши посебна проверка бидејќи таму се наоѓа фан-зоната. Туристите што се дојдени не можат да го посетат Кремљ бидејќи е затворен со полициски сили распоредени околу објектот.

Во Москва се очекува да пристигнат над 1 милион странци за 21. Светско фудбалско првенство. Фудбалерот Кристијано Роналдо ангажирал посебни телoхранители за мундијалот за посебна безбедност кога во прашање се навивачите, но и други закани за време на Светското првенство во Русија. Истовремено, трае и проектот „Фудбал за пријателство“ во кој учествуваат 211 деца, спонзориран од „Газпром“.

Македонските претставници Максим Цониќ, кој е млад фудбалер, и Ева Јакимовска, дел од клубот на млади новинари, учествуваат во активностите со цел промовирање на мирот, пријателството, традицијата и чесноста. Тие се во Москва и ќе бидат дел и од отворањето на Светското првенство, кое ќе биде в четврток.

Scroll to Top