Top Sport

Шпанците го отпуштија Лопетеги, Рамос му го чува грбот

Хулен Лопетеги повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Отако Реал Мадрид вчера објави дека Лопетеги ќе го наследи Зинедин Зидан, Фудбалскиот сојуз на Шпанија, на чело со претседателот Луис Рубијалес, донесе радикална одлука и му врачи отказ на селекторот.

Шпанскиот сојуз известил дека причина за отказот се „тајните прегпвори“ што Лопетеги ги водел со Реал Мадрид. Челниците на Сојузот биле незадоволни што селекторот не ги информирал дека ги започнал преговорите со актуелниот европски првак.

Радио Марка, објави дека играчите, предводени од капитенот Серхио Рамос, побарале Сојузот да ја преиспита својата одлука. За еден час во базата каде се сместени Шпанците, во Краснодар е закажана прес конференција, на која покрај Лопетеги и претседателот Рубијалес ќе бидат присутни капитенот Рамос и Андрес Иниеста.

Ден пред почетокот на СП, Шпанија може да остане без селектор

Scroll to Top