Top Sport

Кремонезе не дозволи Аталанта да се одвои на врвот на Серија А

Аталанта не успеа да го совлада Кремонезе, откако на „Гевајс“ одигра само 1:1 со новиот прволигаш, пропуштајќи шанса да се одвои на врвот на табелата во Серија А по одличниот старт на сезоната.

Тимот на Џан Пјеро Гасперини прво во 64. минута постигна гол преку Теун Копмајнерс, кој беше поништен поради играње со рака, за потоа во 74. минута да мислат дека ги освоиле трите поени, кога Мерих Демирал по асистенција на Копмајнерс. Меѓутоа, Кремонезе, кои сезоната ја почнаа со четири порази и едно реми, успеаја да израмнет преку Емануеле Валери во 79. минута од мечот.

Аталанта сега е на второто место на табелата во Италија со 14 поени, колку што имаат и првопласираните Наполи и третопласираните Милан. Кремонезе се на претпоследното место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top